top of page

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог план - Измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 12 Опфат 1, Општина Демир Капија

Општина Демир Капија

28 мај 2024 г.

арх.бр. 10-269/6

22.05.2024 


Врз основа на член 27 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр.32/20 и 111/23), член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02) и член 51 точка 8 од Статутот на Општина Демир Капија (Сл.гласник на општина Демир Капија бр.8/97) и донесените: Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2022 година со Одлука бр. 08-836/16 од 28.12.2021, Програма за измена и дополна на годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2022 година со Одлука бр. 08-278/11 од 15.04.2022 година, Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2023 година со Одлука бр. 08-960/11 од 26.12.2022 и Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2024 година со Одлука бр. 08-919/13 од 28.12.2023 од Советот на Општина Демир Капија, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното:

 


С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по

ПРЕДЛОГ ПЛАН - ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ЗА ДЕЛ ОД

БЛОК 12 ОПФАТ 1, ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

 

Границата на планскиот опфат Измена и дополнување на ДУП, за дел од Блок 12 ‐ Опфат 1, Општина Демир Капија, (2022 ‐ 2027), е затворена полигонална линија, и започнува од пристапната ул. „Јане Сандански" на север, каде што истата се протега кон североисток, потоа на дел се симнува кон југоисток и повторно продолжува кон североисток се до вкрстувањето со собирната ул. „Маршал Тито", продолжува кон југоисток по осовнината на собирната ул. „Маршал Тито" до вкрстувањето со Собирната ул. ,,1”, од каде скршнува кон запад до вкрстувањето со Сервисната ул., ,Јане Сандански” од каде скршнува кон северозапад по осовината на истата улица, се до местото каде што започнува планскиот опфат.

 

Површината на опишаниот опфат изнесува П=1.39ха (13857m2)

 

Јавната анкета и јавната презентација по предлог план - Измена и дополнување на ДУП за дел од блок 12 – опфат 1, Општина Демир Капија, плански период 2022-2027, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Демир Капија.

 

Јавната анкета ќе трае во периодот од 18.06.2024 до 03.07.2024, а јавната презентација, односно стручното презентирање ќе се одржи на 26.06.2024 во просториите на Општина Демир Капија со почеток од 13:00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, на анектен лист можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.

 


                                               ГРАДОНАЧАЛНИК

Лазар Петров


 
  • Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

СООПШТЕНИЕ
.pdf
Download PDF • 423KB

  • Анкетен лист

АНКЕТЕН ЛИСТ
.pdf
Download PDF • 202KB

  • Графички прилог

ГРАФИЧКИ ПРИЛОГ
.pdf
Download PDF • 3.66MB

bottom of page