top of page

Прием на кошаркарките од ЖКК „Спорт Тим“ Неготино

Општина Демир Капија

27 апр. 2023 г.

Упатувам искрени честитки до младите кошаркарки, тренерот и целиот тим на ЖКК „Спорт Тим“ Неготино за освоеното 2ро и 3то место на Турнирот во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Гордост ми е што ги пречекав во својот кабинет каде ги донесоа своите медали и успеси, а среќата и задоволството беа неизмерни.


Во клубот членуваат и девојчиња од Демир Капија, што ми е особена чест и мотив да работиме и да се вложуваме како општина уште повеќе за што поголеми успеси и обезбедување светла иднина за нив.

Со нетрпение очекувам да се радуваме заедно на следните достигнувања и победи.


 


bottom of page