Општина Демир Капија
5 мај 2023 г.
Денес, 05.05.2023 год., во просториите на Општина Демир Капија се одржа презентација за иницијативата за прогласување на гео – парк во Демир Капија, пред Советот на Општина Демир Капија, кој ќе биде првиот од ваков тип во државата.
Претставниците од Здружението „Стена - Стенае“ детално ја образложија својата идеја, визија и поставените цели кои треба да се остварат во наредните години. Со реализацијата на овој голем проект Демир Капија ќе биде поставена на светската туристичка мапа. Посебните природни еко системи и гео – форми со кои располага нашата Демир Капија, овозможуваат совршени услови за развивање на еко – туризмот, зголемување на промоцијата на градот, како и директно поврзување на човекот со природата.
Општина Демир Капија ќе продолжи да поддржува добри иницијативи и заедно ќе се бориме за чиста и здрава животна средина.