top of page

Извршена дезинсекција против возрасни комарци во Демир Капија

Општина Демир Капија

2 јун. 2023 г.

Почитувани сограѓани,


Ве известуваме дека од 31.05.2023 до 01.06.2023, во период од 22:30 до 04:30 часот, се изврши ларвицидна и адултицидна дезинсекција против возрасни комарци и ларви од комарци, на територијата на Општина Демир Капија. Комарците се векторски преносители на заразни болести, кои со правилен третман може да бидат спречени да ја извршуваат таа функција.


Вршител на услугите за прскање е ДПТУ Плант Медика ДООЕЛ Куманово, кои се занимаваат со вршење на контрола на штетници. Дезинсекцијата е извршена со помош на уред за УЛВ.

Ние како општина ќе продолжиме да се грижиме за општото добро на граѓаните на Демир Капија и ќе спречуваме несакани ситуации и последици.


 


bottom of page