top of page

Започна изградбата на регионалниот пат Демир Капија - Клисура

Општина Демир Капија

12 јун. 2023 г.

Почитувани сограѓани,


Денес заедно со Премиерот Димитар Ковачевски, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуб Рустеми и Директорот на ЈП Македонија Пат извршивме увид на започнатите градежни активности за рехабилитација на патниот правец Демир Капија-Клисура.


Станува збор за асфалтирање на 2,5 километри пат, инвестиција вредна 25 милиони денари.

Средствата за овој инфраструктурен проект се обезбедени од ЈПДП, а изведувач е ЈП Македонија Пат.


И понатаму заедно со поддршка на Владата и надлежните министерства инвестираме во инфраструктурни проекти кои се од големо значење за нашата општина.


 



bottom of page