top of page

Амбасадорите на Словенија, Полска и Хрватска ја посетија Демир Капија

Општина Демир Капија

7 јун. 2024 г.

Демир Капија, 7 јуни 2024 (МИА) - Амбасадорот на Словенија Грегор Прескер со сопругата Елвира Прескер Златиќ, амбасадорот на Полска, Кшиштоф Гжелчик со сопругата Јоланда Гжелчик и амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ денеска ја посетија Демир Капија, информираа попладнево од демиркаписката локална самоуправа. 


Посетата беше во организација на Здружение „Добредојде, Македонија  welcome centre”, во соработка со Општина Демир Капија. Гостите ги пречека градоначалникот Лазар Петров. Беа посетени општинското седиште, музејот, клисурата, градскиот парк, „Вила Марија", соопштија од локалната самоуправа. 


Оттаму нагласија дека целта на посетата е  да се запознаат со убавините на Демир Капија и потенцијалите за развој на туризмот и можностите за идна соработка.


 

Текстот е преземен од МИА

bottom of page