top of page

Конкурс за стипендирање на ученици и студенти за учебната 2023 / 2024 година

Општина Демир Капија

20 ноем. 2023 г.

Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Демир Капија согласно член 3 од Одлуката за утврдување начин на стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Демир Капија (“Службен гласник на Општина Демир Капија” бр.7/22) и член 7 од Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во Општина Демир Капија (“Службен гласник на Општина Демир Капија” бр.9/22 и 5/23), на ден 20.11.2023 година објавува


КОНКУРС

За стипендирање на ученици и студенти за учебната 2023/2024 година


За учебната 2023/2024 година, Општина Демир Капија ќе додели:


  • 3 (три) стипендии на ученици од III и IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000,00 денари месечно за ученици, а се исплатува 9 месеци во годината.

  • 3 (три) стипендии на редовни студенти запишани на прв циклус студии на државни факултети во РСМ, со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 3.000,00 денари месечно за студенти, а се исплатува 9 месеци во годината.


Услови за доделување на стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:


Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех, кои ги исполнуваат условите предвидени во Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во општина Демир Капија и според наведените критериуми освоиле најмногу бодови.


Редовни студенти со континуирано студирање, кои ги исполнуваат условите предвидени во Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во општина Демир Капија и според наведените критериуми освоиле најмногу бодови а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од најмалку 7,00.

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии


1. Пријава од ученикот/ студентот (која е прилог на конкурсот);

2. Документи за утврдување на материјално-финансиската состојба на апликантот:

  • За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварена плата за последните три месеци сметано до денот на поднесувањето на пријавата, или доколку до овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последно исплатената плата за оваа година (за родителите/старателите да се достави плата заверена од работодавецот),

  • За пензионираните членови на семејството да се достави документ (чек) за висината на последно исплатената пензија,

  • За разведените родители да се достави доказ за разводот, односно ако апликантот користи алиментација од родителот истата да се прикаже како месечен приход,

  • За корисниците на социјалната помош да се достави последното решение за корисник на гарантиран минимален приход,

  • За невработените членови на семејството на апликантот да се достават потврди од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени или примаат месечен надоместок,

  • За инвалидитет да се достави наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна

  • установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој,

  • За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето односно факултетот или друга институција,

  • Уверение од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи од претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал…), за родителите/старателите, кандидатот и другите членови на неговото потесно семејство.

3. Нотарски заверена изјава од апликантот дека доставените документи се вистинити и дека податоците одговараат на прикажаната состојба (која е прилог на конкурсот).

Апликантите за добивање ученичка стипендија, дополнително треба да достават:

  • Фотокопија од лична карта или пасош од родителите со кој се потврдува жителството;

  • Свидетелство за континуиран одличен успех од претходните 2 (две) години;

  • Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари;

  • Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари;


Апликантите за добивање студентска стипендија, дополнително треба да достават:

  • Фотокопија од лична карта на студентот; • Доказ за положени испити;

  • Потврда од високо образовната институција за редовно запишана студиска година;

  • Потврди за учество на семинари, конференции и други образовни проектни активности општествени и интелектуални иницијативи на студентите од областа за која се оспособува;

  • Потврда за објавени стручни трудови;


Место и рок за поднесување на документите

Рокот за поднесување на документите е од 20.11.2023 година до 20.12.2023 година.

Пријавите со потребните документи се поднесуваат на следната адреса: Општина Демир Капија ул. „Маршал Тито“ бр.15Б 1442 Демир Капија или во архива на Општина Демир Капија со назнака: “За јавен конкурс за стипендирање на ученици и студенти”.


Некомплетните и ненавремено доставените пријави нема да се разгледуваат.

Одлуката за избор на ученици и студенти ќе биде објавена на огласна табла во општината, на веб страната на општината и во Службен гласник на Општина Демир Капија.

Незадоволните кандидати имаат право на приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на одлуката за избор. Приговорот се поднесува во писмена форма.



Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти


 

Конкурс за стипендирање на ученици и студенти за учебната 2023 / 2024 година


konkurs-stipendii-2023-2024
.pdf
Download PDF • 245KB

bottom of page