top of page

ГРАЃАНИ – НАВРЕМЕ РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА СИСТЕМОТ Е-ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК E-PDD.UJP.GOV.MK

Општина Демир Капија

15 ноем. 2018 г.

Ве известуваме дека во даночниот шалтер на УЈП -Демир Капија секоја среда почнувајќи од 21.11.2018 година претставници на УЈП ќе им бидат на располагање на граѓаните, со цел олеснување на процесот на регистрација на физичките лица кои во текот на 2018 година оствариле приходи по било кој основ (плата, регрес на годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход) во електронската евиденција на Управата за јавни приходи, а имајќи во предвид дека граѓаните, како физички лица имаат потреба од дополнителна техничка помош.


Заради исполнување на оваа обврска на граѓаните упатуваме повик до граѓаните да ги посетат службените простории на даночниот шалтер на УЈП –Демир Капија во Општина Демир Капија и да ја добијат целосната стручна помош за регистрација во системот e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 31.12.2018 година.


НАПОМЕНА: Граѓаните (физички лица) кои се веќе регистрирани на системот е- Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk не треба да се регистрираат на системот е-Персонален данок:

e-pdd.ujp.gov.mk

bottom of page