Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: НОВ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

  • Печати

 

 

Со измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 25.12.2017 година се дава можност на сите лица кои од било кои причини не успеале да достават барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект или пак истото да го комплетираат (не доставиле соодветна документација согласно законот) во пропишаниот рок да го направат истото, под истите услови кои важеле до сега.

Со овие измени се воведува нов рок за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2018 година, а додека барателите на кои до денот на отпочнувањето на примената на овој закон им било одбиено барањето поради некомплетирана документација пропишана во членовите 6, 7 и 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12, 53/13, 72/13, 44/14, 115/14, 199/14, 124/15, 129/15, 217/15 и 31/16), можат да поднесат ново барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, во рок од шест месеци од денот на отпочнувањето на примената на овој закон односно 30.6.2018 година.

Услов е на објектот кој што ќе се легализира заклучно со 3 март 2011 година да се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите да претставуваат градежна и функционална целина. Овој рок не се однесува на барателите кои  доставиле барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект за кои што надлежниот орган донел правосилно решение за одбивање на барањето за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект поради неисполнување на условите пропишани во законот.

Барателите кои немаат доставено геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект во рокот до 31.12.2017 година, можат да достават геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект најдоцна до 30 јуни 2018 година.

 

Повеќе...

 

Финале на турнирот во мал фудбал

  • Печати

Finale Turnir 2014На 27 август по повод празникот Голема Света Богородица се одржа финалната вечер на турнирот во мал фудбал. Во полуфиналниот натпревар се натпреваруваа спортистите на екипите Памела и ИД- Комерц каде што победи екипата на Памела.

Повеќе...

 

Свети Трифун 2017

  • Печати

Општина Демир Капија ги информира сите заинтересирани кои што сакаат да ја посетат манифестацијата по повод празникот на лозарите Св.Трифун дека на ден 14.02.2017 (вторник) во соработка со ЈП Македонски Железници има обезбедено превоз со воз кој ќе сообраќа на релација Скопје-Демир Капија-Скопје со следниот возен ред

Тргнување од Скопје за Демир Капија  во 07:00 часот од Железничка станица Скопје.

Враќање за Скопје од Демир Капија во 15:00 часот од Железничка станица Демир Капија.

Попатно застанување на Железничка станица Велес.

Превозот е бесплатен.

 

Поет од Јужна Кореја во посета на Демир Капија

  • Печати

poet od juzna korejaНа 27-ми август во посета на Демир Капија беше Г-дин КО УН од Јужна Кореја кој е добитник на една од најпрестижните награди за поезија во светот златен венец.

Повеќе...

 

ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН

  • Печати

kulturen branЗа развој и збогатување на културно – забавниот живот во Демир Капија постојана грижа води Домот на културата Мирка Гинова од овој град.

Повеќе...

 

Меѓународен Outdoor фестивал Демир Капија 2016

  • Печати

Општина Демир Капија ги поканува сите љубители на спорт и рекреација во природа на меѓународниот outdoor фестивал Демир Капија 2016.

Повеќе...

 

Страница 1 од 10

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер