Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: НОВ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

There are no translations available.

 

 

Со измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 25.12.2017 година се дава можност на сите лица кои од било кои причини не успеале да достават барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект или пак истото да го комплетираат (не доставиле соодветна документација согласно законот) во пропишаниот рок да го направат истото, под истите услови кои важеле до сега.

Со овие измени се воведува нов рок за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2018 година, а додека барателите на кои до денот на отпочнувањето на примената на овој закон им било одбиено барањето поради некомплетирана документација пропишана во членовите 6, 7 и 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12, 53/13, 72/13, 44/14, 115/14, 199/14, 124/15, 129/15, 217/15 и 31/16), можат да поднесат ново барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, во рок од шест месеци од денот на отпочнувањето на примената на овој закон односно 30.6.2018 година.

Услов е на објектот кој што ќе се легализира заклучно со 3 март 2011 година да се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите да претставуваат градежна и функционална целина. Овој рок не се однесува на барателите кои  доставиле барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект за кои што надлежниот орган донел правосилно решение за одбивање на барањето за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект поради неисполнување на условите пропишани во законот.

Барателите кои немаат доставено геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект во рокот до 31.12.2017 година, можат да достават геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект најдоцна до 30 јуни 2018 година.

 

Read more...

 

Page 1 of 58

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 
There are no translations available.

Banner
Banner
There are no translations available.

PUBLIC ENTITY

There are no translations available.

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner